ПОВЕЌЕ

    Во година на криза Бреинстер вработи 356 студенти

    Време зa читање: 5 минути

    Во година на глобална криза (воено-политичка и економска) кога се затвораа бизниси и компании, се случуваа масовни отпуштања и се намали потребата од нови вработувања,  и кога со подемот на вештачката интелигенција згаснуваа работни места, Бреинстер (Brainster) бележи рекорден број вработувања на студенти. Водечката македонска едукативно-технолошка организација успеа да вработи дури 356 студенти!

     

    „Ова не е само бројка, тоа се 356 индивидуалци на кои им помогнавме да ја добијат работата од соништата.  Тоа се исто толку уникатни приказни со различни позадини, кои добија успешна пресвртница, како на пример: Тијана која беше професорка по француски јазик – стана UX/UI дизајнерка или Иван кој работеше како доставувач, а сега е програмер. Тоа се 356 личности кои само за една година си ги оставарија целите. А ние ја имавме привилегијата да им помогнеме во тоа“,  вели Јана Тодоровска, лидерка на тимот  Партнерства во Бреинстер.

    Како Бреинстер успеа да вработи рекордни 356 студенти за 12 месеци? Како до кариерна трансформација во 2024 година? Кои се предностите на студентите на Бреинстер?  Ова се темите на бесплатниот онлајн-настан, кој ќе се одржи на 5 февруари (понеделник), со почеток во 19 часот. На овој инспиративен настан ќе зборуваат Тодоровска и Петар Ниновски, основачот и директор на Бреинстер.

    30% повеќе вработувања во споредба со 2022

    Во 2023 година, во светски рамки, се бележи пад од 20% на работните позиции во индустријата. Многу компании, справувајќи се со тешката економската ситуација и нестабилноста, беа принудени да отпуштаат кадри. Но и покрај тоа, Бреинстер оствари 30% раст во процентот на вработени студенти во споредба со 2022.

    „Во година на криза, најдобрата одлука што можевме да ја донесеме е да се фокусираме, да дадеме сѐ од себе, да не се откажуваме и да продолжиме напорно да работиме и најважно од сѐ – да иновираме. Вработувања се едни од најважните индикатори, според кој ја мериме работата на нашиот тим Партнерства, но и работата на сите други тимови во екосистемот на Бреинстер. Ако споредиме со една фудбалска екипа, тимот Партнерства можеби ги дава головите, меѓутоа секогаш ни е потребна добра игра во позадината за да стигнеме до голот“, вели Јана.

    Вработувањата во 2023 се одвиваа со рекордна брзина. Имено, 74% од студентите се вработија во рок од 6 месеци по завршување на академијата, а дури 20% во текот на самата академија.

    Бреинстер активно придонесува и за родовата рамноправност. Имено, повеќе од половина, односно 53% од вработените студенти се жени.

    100% задоволство на компаниите од реалните проекти

    Бреинстер на студентите им овозможува поддршка во процесот на вработување, од подготовка за интерву, CV и портфолио, до поврзување со некои од 150+ македонски и интернационални партнерски компании. Од друга страна, им помага и на компаниите да дојдат до квалитетен и високостручен кадар.

    Всушност овој тим дирекно обезбедува два, од вкупно 9 фактори за вработување на најголема иновација на Бреинстер досега, Brainster+, а тоа се: учење преку реални проекти и можности за вработување.

    Со практична работа за време на академиите, работа на реални проекти и учество на хакатони, студентите добиваат искуство кое ќе им даде поголема предност при вработување. Во 2023 година студентите на академиите на Бреинстер, како и на првиот практичен ИТ-факултет Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College) реализираа над 200 реални проекти за реални компании. А процентот на задоволство од страна на компаниите за изработените проeкти е 100%!

    Учењето преку пракса е еден од темелите на програмите на академиите и на факултетот. Во партнерство со компаниите, Бреинстер минатата година воведе неколку образовни иновации: teaching партнерства (експерти од компаниите одржуваат специјализирани предвања)  и  Предмет од индустријата (партнерска компанија предава одреден предмет како дел од програмата на факултетот).

    Месечно по 100 студенти на берзата на таленти

    Студентите поминуваат низ практични и теоретски обуки за разговорот со потенцијалнот работодавач. Понатаму доаѓа делот со препорачување за работа.

    „Во 2023 месечно испраќавме во просек по 100 студенти на берзата за таленти. Значи, дури 100 компании активно добиваа препораки од нас. Обезбедивме сесии за кариерна подготовка за сите студенти кои ги поминаа нашите академии, остваривме партнерства со 30 нови компании, кои влегоа во нашиот екосистем и како резултат на ова вработувавме во просек по 30 студенти месечно“-  вели Јана.

    Со запишување на која било од Brainster+ академиите, покрај квалитетната образовна програма, која се заснова на работа на реални проекти, постојана грижа за студентите, предавања од експерти од индустријата и можности за вработување, студентите отсега добиваат дополнителни 20 курса со вештини кои што ќе ги направат најконкурентни на пазарот на трудот.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично