ПОВЕЌЕ

    Во две блок трансакции купени 110 акции на „Реплек“

    Време зa читање: 2 минути

    Во две блок трансакции купени се акции на „Реплек“ во вкупен износ од 11.330.000 денари, односно 183,8 илјади евра. Се работи за 110 акции, по единечна цена од 103 илјади денари.

    Во првата блок трансакција со промет од 4.635.000 денари (75,2 илјади евра), познат купувач вложил средства во 45 акции. Во другиот блок станува збор за 65 акции на оваа фармацевтска компанија, за кои инвеститорот платил 6.695.000 денари или 108,6 илјади евра.

    Неколку дена претходно, на крајот од минатиот месец, била реализирана уште една трансакција од овој вид. Цената за акција била нешто повисока – 103.250 денри. Во тој блок се купени 27 акции со вредност од 2.787.750 денари (45,2 илјади евра).

    За акциите на „Реплек“ постои интерес меѓу инвеститорите, што се одразува и врз цената. На пример, просечната цена која на крајот од февруари изнесуваше 98.500 денари, сега е зголемена на 109.799 денари. Последниот просечен износ е со денешен датум.

    Инаку, минатата година „Реплек“ постигна високи резултати – зголемени извозни активности кои продуцирале за 43 насто повисоки приходи, што се рефлектира кај добивката, која за 2023 година изнесува речиси 2,6 милиони евра. Оттаму, акционерите ќе поделат дивиденда од 1,16 милиони евра, која ќе се пресметува по нето-износ од 2.700 денари за акција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично