ПОВЕЌЕ

    Во два блока платени над 102 илјади евра за 4.252 акции на ТТК банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    За 4.252 акции на малата успешна ТТК банка се платени 6.292.960 денари. Или, над 102 илјади евра. Се работи за два пакети продадени во блок трансакции, реализирани по единечна цена од 1.480 денари за акција.

    Според податоците од Македонска берза, првата блок трансакција е во вредност од 3.981.200  денари (64,7 илјади евра). Со тие пари се купени 2.690 обични акции.

    Вториот пакет е сочинет од 1.562 акции, чија вкупна цена е 2.311.760 денари (над 37,5 илјади евра).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично