Еден процент од сите луѓе во светот поседуваат 43 проценти од вкупното лично богатство, додека долните 50 проценти имаат само 1 процент. Во рамките на овој 1 процент се наоѓаат 175.000 ултрабогати луѓе, кои поседуваат над 50 милиони долари во нето вредност, така што мал број луѓе (помалку од 0,1 процент) поседуваат 25 проценти од светското богатство.
Изворот на оваа информација е од неодамна објавениот “Глобален извештај за богатството на Credit Suisse” за 2020 година. Овој извештај останува најсеопфатната анализа на глобалното богатство. Глобалниот извештај за богатството го анализира богатството на домаќинствата од 5,2 милијарди луѓе ширум светот и го мери богатството на домаќинствата, и нивните финансиски средства (акции, обврзници, пари, пензиски фондови) и средства (куќи и сл.), што ги поседуваат – минус трошоци.
Според извештајот за 2020 година, вкупното глобално богатство на домаќинствата се зголеми за 36,3 трилиони долари во текот на 2019 година. Но, пандемијата го намали тоа скоро за половина (17,5 трилиони американски долари) помеѓу јануари и март 2020 година.
Сепак, како што се закрепнаа берзите и цените на недвижностите, благодарение на инјекциите на кредитите од државите и централните банки, истражувачите Credit Suisse проценуваат дека вкупното богатство на домаќинствата сè уште расте незначително до средината на 2020 година, во споредба со нивото што беше минатата година, иако богатството на индивидуалните возрасни лица се намали.