Во 1.369 акции издадени од ТТК Банка познат купувач вложил речиси 39 илјади евра. За блок-трансакцијата информира Македонска берза.
Со оваа трансакција направен е промет од 2.390.270 денари. Вредноста на пакетот е пресметана по единечната цена за акција од 1.746 денари.
Минатиот месец беа реализирани три блок-трансакции со акциите на ТТТ Банка. Тогашната цена беше 1.480 денари за акција. Вкупно беа купени 6.017 акции за 8.905.160 денари, односно за скоро 145 илјади евра.
Инаку, по пазарниот принцип на понудата и побарувачката, акцијата на малата банка имаше најголем месечен раст на вредноста во јули – 25,33 проценти, со просечна цена од 1.833 денари.