Депозитите на населението и на компаниите се зголемени за 8,6 проценти, а задолжувањето со кредити за 6,3 насто, на годишно ниво. Месечен раст од 1,4, а годишен од 8,1 насто бележи паричната маса, а причина за тоа е зголемувањето и на депозитните и на готовте пари во оптек, покажуваат најновите податоци на Народната банка за монетрните движења во април.
Во април депозитите се зголемиле за 1,3 проценти на месечна основа. Во тоа придонес имаат граѓаните, но предничи корпоративниот сектор. Сепак, годишно, во остварената стапка раст од 8,6 насто доминантни се заштедите на населението.
Конкретно, во текот на минатиот месец вкупните депозити на компаниите оствариле раст од 2,5 насто, а во најголем дел се работи за краткорочни девизни депозити. На годишна основа, пак, растот е 12 проценти.
Влоговите на домаќинствата, односно на граѓаните, бележат месечно зголемување од 0,8 проценти. Во однос на април претходната година растот е од 8,3 насто.
Што се однесува до кредитирањето, априлското зголемување е за 0,6 насто, а и тука поголема е заслугата на компаниите. Но, на годишно ниво, во растот од 6,3 проценти позначаен е уделот на задолжувањето од страна на граѓаните.
Кредитите на корпоративниот сектор во април се со раст од 0,9 насто, а споредено со состојбата од пред една година, зголемувањето е за 5,9 проценти.
Кредитирањето на населението е поголемо на месечно ниво за 0,4, а 6,7 насто на годишно ниво. Граѓаните користат кредити во домашна валута, но предност им даваат на задолжувањата во девизи.
Според намената, пак, најбарани се потрошувачките и станбените кредити. Податоците на Народната банка за овие два вида задолжување упатуваат на раст од 0,4 и 0,5 проценти, а годишно за 6,2 и за 11,2 насто.
Во април помалку се купувале автомобили на кредит, па во овој сегмент намалувањето е за 1,9 отсто. Но, на годишна основа има трипроцентно зголемување.
Преку кредитните картички задолжувањето е помало за 0,2 отсто. Негативните салда на тековните сметки во април пораснале за 0,1, а годишно за 1,5 проценти.
Одобрените кредити по други основи исто така имаат пад во април – за 2,1, додека годишното намалување е за 15,9 отсто.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: