ПОВЕЌЕ

    Во акции на Гранит вложени 105 илјади евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Блок-трансакција со акции на скопски Гранит е реализирана на Македонска берза. Во пакетот од 3.837 градежни хартии од вредност се инвестирани 6.476.856 денари. Или, 105,3 илјади евра. Познат купувач платил по 1.688 денари за акција.

    Цената е пониска од просечната постигната на официјалниот пазар, која изнесува 1.740 денари. Произлезена е од последното тргување на 17 јули.

    Акцијата на Гранит е интересна за инвеститорите. Во последните 52 недели, според податоците од Македонска берза, изведени се 571 трансакција (без блоковите) со опфат од 73.371 акција и промет од 127.239.430 денари (над два милиони евра). Во тој период вредноста на акцијата се движела од минималните 1.400 до максималните 2.000 денари.

    СЛАТКАРНИЦА СО ПРОМЕТ ОД 247 ИЛЈАДИ ЕВРА – Рецептот за успех е кај Бајро во „Палма“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично