Во Раде Кончар-Апаратна техника, преку акции кои обезбедуваат сопственост на 1,58 проценти од акционерскиот капитал, вложени се близу 129 илјади евра. За блок-трансакцијата информираат од Македонска берза.
Познат купувач се стекнал со 3.252 акции. За секоја од нив платил по 2.435 денари. Или, пакетот хартии од вредност чини 7.918.620 денари (128,8 илјади евра). Номиналната вредност на оваа акција е 20 евра.
Всушност, блок-трансакцијата е реализирана по цена нешто пониска од просечната, која изнесува 2.500 денари. Просекот е од последното тргување, забележано на 9 јули.
Тргувањата со акциите на Раде Кончар – Апаратна техника се повремени. Според берзанските податоци, во последните 52 недели имало седум трансакции, во кои не се вклучени блоковите.