ПОВЕЌЕ

    Вложени 7,37 милиони евра во 26.506 акции на Бимилк

    Време зa читање: 2 минути

    На Македонска берза е реализирана блок-трансакција со акции на Млекара АД Битола, целосно идентична со претходната од 22 јануари. Во пакет од 26.506 акции вложени се 453.149.491,66 денари, односно 7,37 милиони евра, кои претставуваат 24,41 проценти од основната главнина на компанијата. За секоја од акциите познат инвеститор платил по 17.096,11 денари.

    Како што веќе пишуваше Пари, јануарскиот, како впрочем и сегашниот блок се совпаѓа со периодот што беше посочен како планиран за финализација на сопственичката трансформација на дел од млечната индустрија во регионот. Во ноември минатата година беше официјално објавено дека Имлек, во чиј состав е и македонскиот Бимилк, преминува во сопственост на српските бизнисмени Андреј Јовановиќ и Бојан Радун. Конкретно, беше посочено дека компанијата ќе ја преземат од фондот MidEuropa, со очекување купопродажната трансакција да се финализира во првиот квартал од 2026 година.

    Според берзанските податоци, Млекара Битола има издадено вкупно 108.589 акции.

    Инаку, во составот на Имлек, кој има статус на водечки балкански производител на млечни производи, се и два производни погони во Србија, како и Млијекопродукт од Босна и Херцеговина. Годишната преработка на млеко е меѓу 350 и 400 милиони литри, а компанијата соработува со повеќе од 3.500 фармери во регионот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично