ПОВЕЌЕ

    Владимир Пецовски го зголеми уделот во „Реплек“ на 6,34 проценти

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во сопственост на Владимир Пецовски се дополнителни пет акции издадени од скопски „Реплек“. Во моментот поседува 6,34 проценти од акциите на фармацевтската компанија.

    За промената „Реплек“ информира преку ценовно чувствителна информација објавена на Македонска берза:

    „Акционер со над 5% Пецовски Владимир се стекна со 5 нови акции, со што поседува вкупно 16.440 или 6,34% од вкупниот број на акции“.

    Владимир Пецовски во континуитет го зголемува учеството во сопственичката структура. Од почетокот на месецов ова е трета објава во која како купувач на акции се споменува братот на генералниот директор Душан Пецовски.

    На 12 месецов инвеститорската јавност беше информирана дека Владимир Пецовски се стекнал со три, а пред тоа, на шести ноември – со две нови акции.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично