ПОВЕЌЕ

    Владимир Лисин е најбогатиот русин

    Време зa читање: < 1 минутa

    Владимир Лисин, кој е претседател на Управниот одбор на Новолипетскиот комбинат и главен акционер на групата, е на првото место на листата на најбогати Руси објавени од страна на списанието “Форбс”.

    Според списанието, богатството на Лисин се проценува на 22,7 милијарди долари.

    Второто место го зазеде претседателот на рударско-металуршката компанија „Норилс Никел“, Владимир Потанин, кој претходно беше лидер на листата, а неговото богатство се проценува на 22,3 милијарди долари.

    ТАСС пренесува дека семејството на Сулејман Керимов, кој е сопственик на компанијата за ископување злато „Полиос“, е на третото место на најбогатите Руси. Богатството на семејството Керимов се проценува на 21 милијарда долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично