ПОВЕЌЕ

    Владата утре одлучува за еколошката такса

    Време зa читање: 2 минути

    „Две мерки треба да се разгледаат утре на седница на Владата и да се одлучи. Првата е за ДДВ-то за домаќинствата, од од 18 на 5% за една година, наредната да биде 10% и третата година се враќа на 18%. Ова треба да помогне при транзитот на либерализацијата на пазарот на електрична енергија кај домаќинствата“, изјави министерот за финансии, Фатмир Бесими на прес-конференција.

    Во однос на еколошката такса, тој потенцира дека се однесува на закон во надлежност на Министерството за животна средина.

    „Јас никогаш не реков дека Владата планира да се повлече од носењето на одлуката за еколошката такса, туку само дека утре ја носи одлуката. Јас не можам да зборувам во име на цела Влада. Тоа не е во надлежност на МФ, туку во надлежност на Министерството за животна средина“, рече Бесими.

    Тој очекува дека законските измени утре ќе ги донесе Владата и се надева дека ќе се стигне Собранието да ги изгласа до први јули, со оглед што тие одлуки е најавено дека ќе почнат да важат од први јули.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично