ПОВЕЌЕ

    Вкупно 1650 учесници се натпреваруваа и забавуваа на осмото издание на трката „ХалкЕко Скопје трча 10км“

    Време зa читање: 3 минути

    Македонските атлетичари Дарио Ивановски во машка и Адријана Поп Арсова во женска конкуренција се победници на годинешната трка ХалкЕко Скопје трча 10км, која по осми пат се одржа нa улиците на главниот град. Во конкуренција на вкупно 1650 натпреварувачи, Ивановски триумфираше со време од 31 минута и 19 секунди, додека Поп Арсова победи со национален рекорд од 34:42 мин.

    Организатор на овој спортски настан е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со А.К. Скопски Маратон и А.К.Работнички и со помош на Министерството за внатрешни работи, а под покровителство на Агенцијата за Млади и спорт и Град Скопје. Насловен спонзор на трката и годинава беше Халкбанк АД Скопје која е позната како голем промотор на здрави животни навики и заштита на природата, па во тие рамки и како поддржувач и организатор на низа спортски настани.

    На трката во која учествуваа 1650 љубители на трчањето, професионални тркачи и оние кои трчаат рекреативно, втор на целта во машка конкуренција пристигна нашиот атлетичар Мухахид Мислими, додека трет беше Иван Пешовски од Македонија. Во женска конкуренција второпласирана беше Милјана Ристиќ од Македонија, а третото место го освои минатогодишната победничка, Билсерин Сулејман  од Бугарија.

    ХалкЕко Скопје трча 10км е втора трка во Македонија (после ВизЕр Скопски маратон) која се здоби со меѓународен сертификат од АИМС и Светската Атлетика и сите постигнати резултати и норми ќе бидат признаени од овие меѓународни институции. Покрај тоа, патеката на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ е измерена и сертифицирана од страна на овластено лице од АИМС и Светска Атлетика.

    Благодарение на учесниците на трката, како и на посетителите кои им даваа силна поддршка и гласни аплаузи, „Халк Еко Скопје Трча 10км“ и оваа година покажа дека спортскиот дух обединува, сплотува и го подигнува расположението на неверојатно ниво. Од фонтаната Лотус пред Градскиот парк, како почетна и завршна точка на трката, долж булеварот Илинден и дел од булеварот Партизански одреди, се натпреваруваа и забавуваа 1.650 учесници, кои ги бодреа многу граѓани долж предвидената траса. Организаторите на настанот им искажуваат голема благодарност на сите учесници, како и на волонтерите за годинашното динамично, енергично и масовно издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 2024 година.

    Трката е уште еден спортски настан поддржан од Халкбанк, како промотор на активности врзани за негување здрави животни навики и зачувување на животната средина, кои се реализираат преку платформа ХалкЕко. Многу спортски настани во изминативе години добија поддршка од банката, а таа самата е организатор на хронометар велосипедската трка Халк Вело Грин која на 8 септември се одржува во Маврово.

    Платформата ХалкЕко на Халкбанк е развиена од истоимената апликација која ги поттикнува корисниците да практикуваат здрав животен стил, придонесувајќи со тоа за намалување на емисијата на штетни гасови CO2 и истовремено и за садење нови дрвја. За секоја активност: трчање, пешачење или возење велосипед, секој кој ја користи апликацијата собира HalkCoins за кои, во зависност од бројот, освојува подароци и други бенефиции, но истовремено обезбедува и дрвја кои Халкбанк презема обврска да ги засади со што корисниците заедно со Банката придонесуваат за почиста и поздрава околина.Банката досега има организирано повеќе акции за зазеленување и пошумување и има донирано над 48.000 садници во земјава.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично