Фершпед АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати од работењето за период 01.01.-30.09.2019 година.
Оперативната добивка остварена во период јануари-септември 2019 година изнесува 74.773 илјади денари и истата е намалена за 20% во однос на добивката во 2018 година истиот период.
Вкупните приходи од работењето на Фершпед АД Скопје за период јануари-септември 2019 година изнесуваат 2.705.505 илjади денари и истите бележат зголемување за 5% во однос на вкупните приходи остварени во истиот период минатата година.
Оперативните приходи остварени во овој период се во износ од 2.691.816 илјади денари и се зголемени за 5% во однос на оперативните приходи во период јануари-септември 2018 година. Финансиските приходи во овој период во однос на истите минатата година бележат раст.
Вкупните расходи осварени во период јануари-септември 2019 година изнесуваат 2.621.099 илјади денари и истите бележат зголемување од 6% во однос на истите мината година.
Оперативните расходи се во износ од 2.617.043 илјади денари и истите се зголемени за 6% во однос на оперативните расходи од 2018 година.Финансиските расходи во овој период во однос на истите минатата година бележат пад.
Нето добивката во анализираниот период изнесува 74.476 илјади денари што пoкажува намалување на истата во однос на добивката од минатата година.