ПОВЕЌЕ

    Високи приходи од камати и зголемена добивка – Халк банка конкурентен играч на банкарскиот пазар

    Време зa читање: 2 минути

    Халк банка ја завршила минатата година со добивка од 1.249.984.000 денари или 20,3 милиони евра. Крајнот резултат од успешното работење е за околу осум милиони евра подобар од оствареното во текот на деловната 2022 – 742.653.000 денари, односно над 12 милиони евра. Податоците се содржани во посебниот ревидиран финансиски извештај што Банката го објави на Македонска берза.

    Банката, која и припаѓа на големата банкарска петорка, лани имала вкупни нето-приходи од 4.734.691.000 денари (близу 77 милиони евра). Најголемот дел е обезбеден од пресметаните и наплатени камати, каде што е забележан нето-приход од 3.551.930.000 денари (57,7 милиони евра). За споредба, во 2022 се работело за 2.134.600.000 денари (речиси 34,7 милиони евра).

    Од провизиите и надоместоците за извршените услуги, Халк банка инкасирала нето 764.547.000 денари (12,4 милиони евра), а во 2022 во таа графа биле запишани 641.337.000 денари (10,4 милиони евра). Од курсните разлики, пак, Банката заработила 229.175.000 денари (над 3,7 милиони евра).

    На крајот од минатата година вкупната актива на Халк банка е 98.087.650.000 денари, односно околу 1,6 милијарди евра (на крајот од 2022 била над 1,3 милијарди евра).

    Оваа банка е потврдена и како прв избор на новоотворените фирми во Македонија, кога се определуваат за матична банка. Или, веќе неколку години по ред кај Халк банка се отвораат најголем број сметки. Како пример – од формираните 8.517 нови фирми лани, речиси една четвртина се насочиле кон Халк банка, каде што биле отворени 2.215 сметки.

    Банката се смета за најбрзорастечка на пазарот. Има 45 филијали, распространета мрежа од банкомати и ПОС-терминали, а корисниците – граѓани, мали, средни и големи претпријатија, јавни институции… ги опслужуваат (состојба од 31 декември 2023) 773 вработени. Понудата опфаќа персонално банкарство, кредитни картички, станбени, потрошувачки кредити, штедење, бизнис кредити, платен промет во земјата и во странство.

    Со Халк банка раководи главниот извршен директор Билал Суџубаши, а во Управниот одбор се и извршните директори Александар Иљов, Беркан Имери и Турхан Адеми.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично