ПОВЕЌЕ

    ВИКТОРИЈА ПЕТРОВСКА, ВЕРИЦА ОЏАКОВА И САЊА ИВАНОВА се прогласени за најдобри банкарски службеници за 2025 во Стопанска банка АД Скопје

    Време зa читање: 4 минути

    Традиционално, по повод „Светскиот ден на штедењето – 31 октомври“, на свечен настан, а во организација на Македонската банкарска асоцијација, беа прогласени најдобрите службеници од банките и финансиските институции за 2025 година.

    Од Стопанска Банка АД Скопје признанието го добија Викторија Петровска – раководител на филијалата ГТЦ, Верица Оџакова – советник за мали бизниси, филијала Струмица и Сања Иванова – раководител на служба за продажба, филијала Аеродром.

    Да се биде банкар претставува предизвик и огромна одговорност. Мојот кариерен пат започна со вработувањето во Стопанска Банка АД Скопје, веднаш по дипломирањето на Економскиот Факултет во Скопје и е приказна која што трае цели 11 години. Како успешен банкарски професионалец сметам дека е потребно, голема посветеност и интензивна работа, постојано учење и прифаќање на предизвици, бидејќи тоа што најмногу нѐ предизвикува и најмногу нѐ обликува“, вели Сања Иванова за порталот Пари.

    Таа додава дека наградата за најдобар службеник од Стопанска Банка за 2025, доаѓа од позиција во институција со најдолга традиција на македонскиот банкарски пазар, која што знае да ги вреднува и да вложува во своите вработени, бидејќи препознава дека брендот на банката се нејзините вработени.

    Ова признание е потврда на моите залагања, професионалност и исклучителни резултати, но не е индивидуална категорија, туку претставува колективна одговорност, оправдување на довербата и креирање вредност за заедницата“, посочува Иванова.

    Викторија Петровска вели дека е чест и привилегија е да се биде дел од тимот на банката со најдолга традиција на македонскиот пазар.

    „Како вработена од 2014 година, мојата кариера ја започнав во филијала Мајка Тереза како Советник за продажба. Ангажманот и посветеноста во секојдневното работење како и градењето доверба кај клиентите беа препознаени од страна на моите претпоставени. Ова признание не претставува награда само за мене, туку и потврда за вредностите и квалитетот што Стопанска Банка АД – Скопје ги негува и нуди“, истанува Петровска.

    Добивањето на оваа признание за Верица Оџакова претставува голема чест, професионално признание и лична сатисфакција.

    „Во исто време оваа награда ја доживувам како поттик да продолжам со уште поголема одговорност, посветеност и мотивација во работата со клиентите и со тимот на Стопанска Банка АД Скопје. Работам во банката од јануари 2016 година и за помалку од два месеци ќе полнам 10 години. Од самиот почеток сум во секторот за кредитирање на мали и средни претптијатија, во сегмент кој не бара само финансиско знаење и анализа, туку и разбирање, трпение и човечки пристап. Во овој процес најважна е довербата, довербата што се создава со клиентот, со колегите и со институцијата што ја претставувам. Банкарството според мене не е само работа со бројки, туку и со луѓе, нивните визии и цели. Секој клиент има своја приказна, свој предизвик и свој сон. Нашата задача како банкари е да ја препознаеме таа приказна и да помогнеме со нејзината реализација – со професионален но и човечки пристап. Верувам дека успешен банкарски професионалец  се станува кога ќе се обединат знаењето, посветеноста и емпатијата. Потребен е да се биде темелен, одговорен и секогаш подготвен да се најде решение- што е најдобро за и за клиентот и за банката. Но најважно од се е да се работи со љубов кон професијата и интегритет во секој чекор. Оваа признание е резултат на континуиран труд, подршка од моите колеги и менаџментот на Стопанска Банка, како и довербата на клиентите со кои соработувам. На сите им упатувам искрена благодарност- затоа што секој успех е тимски успех“, изјави Оџакова за Пари.

    Катерина Михајлова

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично