ПОВЕЌЕ

    ВИЦЕПРЕМИЕРОТ НИКОЛОСКИ НАЈАВИ: Скопје добива градски воз во 2028, првата делница Зелениково – Центар во функција од 1 септември

    Време зa читање: 3 минути

    Скопје ќе го добие многупати најавуваниот градски воз до 2028 година, а првата делница ќе ги превезува патниците веќе наесен, најави министерот за транспорт и вицепремиер, Александар Николоски на социјалните мрежи. „Проектот Градски воз напредува одлично, до јуни ќе биде завршена линијата од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода до Нова железничка станица, а од 1-ви септември пуштена за сообраќај. Ветивме дека ќе биде завршена првата линија до јуни и првата линија ќе биде завршена до јуни“, објави Николоски по извршениот увид на работите на пругата.

    До денес она што е првата линија којашто оди од Зелениково преку Драчево, Кисела Вода, Ново лисиче и Аеродром до Нова Железничка станица е 65% и очекуваме до јуни да биде завршена, потоа следи тест-фаза, а наша цел е на 1 септември, со почетокот на школската година да функционира градскиот воз на линија што треба многу да помогне во растоварување на сообраќајниот метеж во Скопје, а со тоа и намалување на загадувањето, рече Николоски.

    „Ветивме дека ќе биде завршена првата линија до јуни и првата линија ќе биде завршена до јуни.Сакам да почнеме да ја навикнуваме јавноста дека се завршуваат проектите во предвиден рок, и како што гледате, проектите коишто ова Влада ги почна завршуваат во предвидениот рок затоа што пред почетокот имаме еден многу сериозен процес на планирање за кога ќе се излезе на терен и ќе почне да се работи, да може да се испорача тоа што се ветува“.

    Според министерот, JП Железници инфраструктура доста напредува со проектирањето на другите две линии и работата оди побрзо од што беше планирано и очекувано, што значи дека ќе се скрати рокот на комплетно завршување на проектот Градски воз до крајот на 2027 година и ќе има три функционални линии.

    „Проектирањето на другите две линии и работата оди побрзо од што беше планирано и очекувано, очекувам дека ќе го скратиме рокот на комплетно завршување на проектот Градски воз“, очекува министерот за транспорт.

    Тој додава: Со „Македонски железници – Транспорт“ интензивно работиме на обезбедување дополнителни гарнитури на возови, затоа што ќе се зголеми сообраќајот. А со добра соработка со ЈСП, ќе значи едно целосно растоварување на сообраќајот во градот. Ако се надоврзе на тоа и проектот БРТ, веќе мислам дека во 2029 година ќе имаме целосно нова сообраќајна инфраструктура“.

    (Фото: Фејсбук профил А. Николоски, скриншот)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично