ВФП Пензиско друштво ќе издаде нова – четврта емисија акции. Комплетната емисија вредна 170 илјади евра е наменети за ВФП Фонд Менаџмент, а целта е зголемување на акционерскиот капитал. Одобрение друштвото доби од Комисијата за хартии од вредност.
„ВФП Пензиско друштво АД Скопје доби одобрение да издаде четврта емисија на 170.000 обични акции по пат на приватна понуда наменета за единствениот институционален инвеститор – Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје. Согласно Одлуката, Друштвото издава нови обични акции со вкупен износ од 170.000 евра заради зголемување на основната главнина, со цел одржување на потребниот износ на главнина пропишан со Законот за доброволно финансирано пензиско осигурување“, наведено е во информацијата од КХВ.
Инаку, со состојба од 31 декември 2024 година, ова Друштво има издадено вкупно 720 илјади акции.