Со новата четврта емисија на акции четврта емисија акции, ВФП Пензиско друштво има основна главнина од 890 илјади евра. Поделена во исто толкав број акции со номинален износ од едно евро.
Акционерскиот капитал на друштвото се зголеми со емисијата вредна 170 илјади евра, наменета за единствениот акционер ВФП Фонд Менаџмент.
„Спроведено е зголемување на основната главнина со издавање на обични акции со право на глас од четврта емисија по пат на приватна понуда, со вкупна номинална вредност од 170.000 евра на сите нови издадени акции, за познат купувач, институционален инвеститор, кој е и единствен акционер со 100% учество во акционерскиот капитал на Друштвото и тоа: Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје. Уписот на новата емисија на хартии од вредност е спроведен по добиена согласност од Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и Комисијата за хартии од вредност“, пишува во известувањето што ВФП Пензиско друштво гго сподели преку Македонска берза.
Исто така, информираат деке веќе е направена статусната промена – основната главнина изнесува 890.000 евра