За независен член во Одборот за ревизија на Стопанска банка Скопје е именувана Верица Костова. Доверен и е мандат од две години. Одлуката е донесена во петокот, од страна на Надзорниот одбор.
На оваа позиција претходно беше Зорица Божиновска Лазаревска, која даде оставка по долгогодишното членување и работење во ова тело кое врши контрола и проверка на евентуално пријавените неправилности.
По настанатите промени, актуелниот состав на Одборот за ревизија го сочинуваат: Антонио Велјанов, независен член и претседател; членовите Димитра Гудуфа, Владимир Филиповски и Анастасиос Лизос; како и новиот независен член Верица Костова.
 Аналитика



                                    




