ПОВЕЌЕ

    Венецуела ќе плаќа за вакцини со нафта?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ја отвори можноста за плаќање на вакцините против корона вирус со извоз на нафта во земјите што ги произведуваат тие вакцини.

    „Венецуела има цистерни со нафта и купувачи на нејзината нафта. Ќе одвоиме дел од нашето производство за да обезбедиме снабдување со вакцините што ни се потребни. Нафта во замена за вакцини“, рече Мадуро во неделата на телевизискиот канал “Венецуела де Телевизија.”

    Според официјалните податоци, бројот на потврдени случаи на корона-вирусна инфекција во Венецуела е поголем од 156 илјади, а починале 1555 лица.

    Минатата недела потпретседателот Делси Родригез изјави дека Венецуела има околу седум милијарди долари во странски банки, од кои дел се планира да се потрошат за набавка на вакцини.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично