Министерството за економија ја објави листата на одобрени вкупно 3025 потврди за користење средства за организиран одмор во износ од 12.000 денари.
Во соопштението се појаснува дека добитниците кои се од Скопје потврдите можат да ги подигнат во Министерството за економија – Сектор за туризам и угостителство од понеделник (16 август) од 9 до 14 часот. На оние добитници кои не се од Скопје потврдите ќе им бидат испратени по пошта, се додава во соопштението.
Објавата на добитниците сепак наиде на огромно негодување во јавноста. Граѓаните се незадоволни од изборот на Министерството за економија за ваучери за летување. Тие прашуваат по кој критериум се одбрани добитниците на ваучери? Еве дел од коментарите на социјалните мрежи:
-Ова рамковно или гласачко?
-Овие само од ДУИ ли се?
-Пола Чаир добитници?
-Македонци 25%. Браво?
-Јака листа од Крешник, колку проѕирно
-Овде колку проценти се мк (во прилог слика од субвенционирани велосипеди)
-А кај е Љутви Весели од Дебреше?
Целата листа на добитници можете да ја погледнете ТУКА.