ПОВЕЌЕ

    Од утре користете ги ваучерите за туризам на овие локации

    Време зa читање: < 1 минутa

     

    Oд утре до 15 декември годинава 117.122 граѓани ќе може да ги користат ваучерите за одмор во домашните туристички капацитети што ги добија од државата.

    Ваучерите, вредни 6.000 денари, се доделени на лица со приходи до максимум 15.000 денари месечно. Тие може да одберат каде ќе летуваат или зимуваат на овој линк: Дома си е дома  каде  се објавени расположливите хотели, приватни апартмани, автокампови, одморалишта, бањи, опфатени со оваа владина мерка.

    Доколку вредноста на туристичката или угостителска услуга која се плаќа со ваучерот за туризам е помала од 6.000 денари – ќе се смета дека ваучерот е целосно искористен. Ако вредноста на туристичката или угостителска услуга која се плаќа со ваучерот за туризам е поголема од 6.000 денари, разликата над овој износ ја доплатува корисникот на ваучерот за туризам.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично