ПОВЕЌЕ

    И по ВАСКО, ВАСКО – Ковачевски заминува, Стефанов нов директор на ЕСМ

    Време зa читање: 2 минути

    Васко Стефанов е новиот челник на ЕСМ, откако досегашниот директор Васко Ковачевски ја депонирал својата оставка. Премиерот Димитар Ковачевски најави дека смената ќе се официјализира на следната владина седница, кога всушност ќе се констатира оставката на се уште актуелниот директор и ќе го предложи неговиот наследник.

    Стефанов, кадар на СДСМ, на оваа позиција доаѓа со претходно искуство од Водостопанство и АД Пошти, каде бил генерлен директор. Од директорската фотеља на Пошта, каде беше дојден на местото на Јани Макрадули, Стефанов замина откако Алијанса за Албанците влезе во владината коалиција, на која ѝ беше доделено тоа место. Инаку, како менаџер по техничка логистика произлегува од приватниот сектор, од каде што дошол на функциите во државните претпријатија.

    Премиерот наведе дека причина за повлекувањето на Ковачевски е семејството на кое ќе му се посвети. Одлуката ја донел пред почетокот на зимската енергетска криза. Но, како што нагласи премиерот, со министерот за економија инсистирале тој да менаџира со кризата.

    Сакам да му се заблагодарам лично на Васко Ковачевски кој вложи се во справувањето со енергетската криза. Тој и колегите од УО им беа достапни на сите членови на Владата, со цел да се носат брзи и ефикасни одлуки за справување со кризата. Неговата одлука беше донесена поодамна од пред почетокот на кризата, но тогаш заедно со Крешник Бектеши одлучивме дека менаџерскиот тим треба да управува во време на кризата и се покажа како исправна одлуката“, наведе премиерот.

    Ковачевски за генерален директор беше именуван пред речиси четири години, а на функцијата дојде од позицијата директор на РЕК Битола.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично