ПОВЕЌЕ

    Вакцината создаде девет нови милијардери

    Време зa читање: 2 минути

    Профитот од вакцинацијата против ковид 19 им помогна на најмалку девет лица да станат милијардери, објави Алијансата за народни вакцини, повикувајќи се на укинувањето на монополската контрола на фармацевтските корпорации над технологијата за вакцини.

    „Меѓу нив, девете нови милијардери имаат заедничко богатство од 19,3 милијарди долари (15,8 милијарди евра), што е доволно за 1,3 пати целосно да ги вакцинираат сите луѓе во земјите со ниски примања.

    Алијансата, мрежа на организации и активисти, кои се залагаат за укинување на имотните права и патенти за инокулација, соопшти дека нејзините податоци се базираат на информации од Форбс листата на богати.

    На врвот на списокот нови милијардери се најдоа извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел и неговиот колега од БиоНТех, Угур Шахин.

    Уште тројца од нив се ко-основачи на кинеската компанија за вакцини CanSino Biologics.

    Освен новите мега-богати, осум постоечки милијардери гледаа како нивното заедничко богатство се зголемува за 32,2 милијарди долари заблагодарувајќи се на воведувањето вакцините.

    “Овие милијардери го остваруваат огромниот профит што многу фармацевтски корпорации го остваруваат од монополот кои го имаат над овие вакцини“ изјави Ана Мериот од добротворната организација „Оксфам“, која е дел од групата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично