ПОВЕЌЕ

    Вабтек МЗТ ќе го зголемува капиталот со јавна понуда на втората емисија акции

    Време зa читање: 2 минути

    Нова емисија акции, вредна 154.105.000 денари или повеќе од 2,5 милиони евра, ќе издаде акционерското друштво за производство на сопирачка опрема за шински возила – Вабтек МЗТ. Станува збор за 49 илјади акции со продажна единечна цена од 3.145 денари. Ова е втора емисија, а ќе се врши по пат на јавна понуда, а целта е да се постигне зголемување на капиталот и обезбедување оптимална капитализираност во наредниот период.

    „При запишувањето и распределбата на запишаните акции ќе се применува моделот на фиксна цена со давање на приоритет на поголема количина и порано време на внес на налогот во БЕСТ системот. Јавната понуда ќе се смета за успешна доколку се запишат и уплатат најмалку 60% од понудените акции од оваа емисија“, наведуваат од Комисијата за хартии од вредност во појаснувањето за идадената дозвола.

    Досега друштвото има издадено 80.295 акции, чија просечна цена е 3.133 денари. Според податоците од Македонска берза, во последните 52 недели воопшто не се тргувало со овие акции.

    Инаку, по првите три месеци од годинава компанијата бележи загуба од 31.986.000 денари (над половина милион евра). Негативниот тренд бил присутен и лани, 2024 завршила со минус од 155.316.000 денари (2,5 милиони евра).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично