Речиси 90 илјади евра се вложени во 648 акции на „Македонијатурист“. На берзата поминаа две блок-трансакции.
Единечната цена за акција и во двата блока е 8.100 денари. Првиот пакет содржи 275 акции. За нив се платени 2.227.500 денари. Или, над 36 илјади евра.
Вториот пакет е поголем. Во 373 акции познат купувач инвестирал 3.021.300 денари, што е противвредност на нешто повеќе од 49 илјади евра.
На овие две, им претходеа исто така две блок-трансакции реализирани на почетокот од неделава. Нивната заедничка вредност беше над 1,3 милиони евра за вкупно 10.393 акции, кои беа купени по пониска цена – од осум илјади денари.