„Сноуфлејк“, компанија за складирање и управување со податоци, се најде на берзата во Њујорк.
Тргувањето со акциите на „Сноуфлејк“ започна со двојно поголема цена од очекуваната, а потоа забележа дополнителен раст во првите часови на тргување, потврдувајќи го нескротливиот апетит на „Волстрит“ за брзорастечките компании.
Компанијата го „започна животот“ на берзата по цена од 245 американски долари по акција, наместо 120 американски долари, а потоа достигнаа дури 319 американски долари, за потоа еден ден пред затворањето на Берзата да заврши со 254 американски долари.
Берзата, која „Сноуфлејк“ ја процени на 70,4 милијарди долари, беше најголема досега оваа година и најголема досега за производителите на софтвер. Тој ден исто така беше со нетрпение очекуван од инвеститорите на ризичен капитал кои го проценија стартувањето на 12,4 милијарди долари пред само седум месеци.
Приходите на компанијата рапидно растат и за половина година скокнаа од 133 на 242 милиони долари, наспроти 104 милиони долари во истиот период минатата година.
Но, тоа сè уште не е доволно бидејќи компанијата исто така бележи вистинска загуба од 171 милиони долари во првата половина на оваа година.