УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција: Директор на Дирекција Сигурност
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
- Високо стручно образование,Универзитетска диплома од општествен или технички факултет;
- Најмалку 5 години релевантно работно искуство на иста или слична позиција;
- Познавање и искуство во администрирање на различни Оперативни системи;
- Познавање и искуство во техничко и физичко обезбедување;
- Познавање на компјутерски мрежи и компјутерска мрежна опрема ќе се смета за предност;
- Познавање на релевантната законска регулатива;
- Многу добро познавање на англиски јазик (вербално и писмено), како и напредно користење на MS Office;
- Одлични организациски и комуникациски вештини;
- Способност за работа под притисок;
- Вештини за презентирање;
- Поседување возачка дозвола;
Одговорност и задачи:
- Се грижи за безбедноста на Банката во текот на 24 часа;
- Управува и го организира физичкото и техничкото обезбедување со цел заштита на клиентите, вработените и имотот на Банката;
- Управува и ja организира сигурноста на информативниот систем на Банката;
- Предлага и организира активности за превенција и намалување на ризикот од инциденти и загрозување на безбедноста на Банката и штетни последици за Банката, вработените и клиентите;
- Соработува со државни и други органи;
- Раководење со персоналот за сигурност;
- Зголемување на степенот на безбедносната култура на вработените;
- Одговорен за контрола на системите за техничка заштита и физичко обезбедување;
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на [email protected], најдоцна до 09.10.2020 година.