ПОВЕЌЕ

    УНИ БАНКА – Многу повеќе од само “JERUSALEMA” перформанс

    Време зa читање: 3 минути

    Банката која во 2020 ќе остане запаметена по тоа што ги помести корпоративните маркетинг принципи на едно повисоко ниво и која на еден поинаков начин допринесуваше за одржување на менталното здравје и моралните вредности, сепак солидно котира и од аспект на деловните резултати. Структурната поставеност на банката од позиција на средна банка, преку значаен акцент кон депозитното работење, алтернативните канали за комуникација, како и зголемената кредитна активност допридонесоа УНИ Банка да забележи нето добивка од 6 милиони евра.

    Анализирајќи го работењето на банката за изминатата година, согласно објавените неревидирани финансиски извештаи, сегментирано по биланси ситуацијата е следна:

    1. Биланс на состојба
    • Подобрена ликвидносна позиција од аспект на парични средства и парични еквиваленти. Уни Банка по основ на овој параметар во 2020 успеала да ја зголеми својата позиција од 89.6 милиони ЕУР на ниво од 99.4 милиони ЕУР.
    • 5 кратно зголемување во вредноста на превземени средства врз основа на неплатени побарувања. Оваа ставка е најдобар показател дека кредитните пласмани на Уни Банка наишле на проблеми во отплата. По се изгледа дека Covid-19 го земал својот данок и нарушената финансиска моќ на компаниите и физичките лица се преточила во активирање на колатералите. 2020 година салдото покажува износ од 217 милиони ЕУР.
    • 5 пати се намалени депозитите кои другите банки ги чуваат во Уни Банка. Ако во 2019 година овој износ изнесувал 10.7 милиони ЕУР, 2020 година е заокружена со 4 милиони ЕУР.
    • Зголемена депозитна база во ставката депозити од останати коминтенти. Довербата во банката е искажана преку зголемен износ на депозитите за 17.5 милони ЕУР.
    • Апсолутен пораст на резервите на банката. Во 2020 пораст се бележи и кај ревалоризациските и кај останатите резерви. Првите имаат пораст од 5 пати, додека останатите резерви пораснале во апсолутен износ од 16.7 милиони ЕУР.
    1. Биланс на успех
    • Минимален пораст на прихоите од камати. 2020 година е завршена со 825 илјади ЕУР повисок износ како приход од камати, во споредба со 2019 година.
    • Зголемени приходи од провизии и надоместоци. 7% пораст кај оваа ставка придонесе во целост да се покријат трошоците за вработените (сооднос кој според теорија секогаш треба да биде таков).
    • Фантастични бројки во однос на остварената добивка за 2020 година. Уни Банка своето работење во кризна година го заокружи со пораст на нето добивката од 46%, што во период на рестрикции и драстични промени во навиките, барањата и очекувањата на клиентите од банкарскиот сектор делува како банката да го пронајде рецептот за генерирање бројки за почит.

    Ваквиот годишен резултат е во полза на инвеститорите во банката. Тука се вбројуваат имателите на акции во банката, како и сопствениците на перпетуалната обврзница, која сама по себе беше новитет во македонската корпоративна филозофија. Подобрените вредности во сите ставки од приходната страна и намалување на расходите за 357 илјади евра беа клучни за генерирање пораст во просечната заработка по акција.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично