Уни банка во известување преку Македонска берза даде образложение за финансиските резултати во првата половина од 2019 година.
Во соопштението се вели дека УНИ Банка во првата половина од 2019 година делуваше во согласност со приоритетните цели и задачи дефинирани воусвоениот бизнис план за 2019 година. Клучна цел беше остварување на максимален профит преку оптимално ангажирање на изворите на средства во сигурни и профитабилни пласмани, во услови на стабилизирање на политичкиот амбиент и стабилизирање на очекувањата на економските субјекти.
1. Сметководствени политики и методи на вреднување
Во првата половина од 2019 година, Банката нема промени во сметководствените политики и методите на вреднување.
2. Остварени приходи
Остварените вкупни приходи од работење вопрвата половина од 2019 година изнесуваат 719,6 милиони денари и во односнаистиот период минатата година бележат пораст од 15.5%.
Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 102,3 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.
Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 71.6% имаат приходи од камати, кои во споредба со 2018 година се зголемени за 15.5%, како резултат на порастот на кредитното портфолио кое во однос на 31.12.2018 се зголеми за 6.8% и достигна ниво од 15 милијарди денари.Анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население, и соодветно е остварен годишен пораст од 20.5процентина приходите од камати на население.
Порастот на кредитирањето, зголемениот обем на активности во доменот на платен промет и картично работење, придонесоа приходите од провизии на банката да се зголемат за 15.93% во однос на истиот период од минатата година.
3. Остварени расходи
Остварените расходи во првата половина од 2019 година изнесуваат 617,2 милиони денари и бележат пораст од 24.3% во однос на истиот период од 2018 година. Порастот на расходите на банката пред се, се должи на расходите од камати, како резултат на зголемување на депозитната база, согласно поголемиот интерес на депонентите за новите депозитни продукти на банката. Зголемените расходи на банката произлегуваат и од порастот на административните расходи, предизвикани од исплата на награда на вработените и исплата на еднократна договорна испратнина, како и заради зголемување на износот на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити.
4. Исплатени дивиденди
Во текот на 2019 година, банката нема исплатено дивиденди.
5. Вложувања или продажба на материјални средства
Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања се намалени за 5.6% во однос на Декември 2018како резултат на евидентирано оштетување на преземени имоти и реализирана продажба на еден преземен имот.
6. Обврски по кредити
Обврските по кредити во 2019 година се намалени за 11.5% во однос на 31.12.2018 година.