ПОВЕЌЕ

    Уни банка со нова емисија перпетуални обврзници: Поддршка на кредитниот раст со 2,5 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Уни банка ќе издаде емисија на перпетуални обврзници по пат на приватна понуда во износ од 2,5 милиони евра, со намена за подршка на кредитниот раст. Одлуката е донесена на вонредна седница на Собранието на акционерите. За ова од Банката информираат со објава на ценовно чувствителна информација на Македонска берза.

    Според образложението, се работи за некумулативни, нековертибилни, преносливи, субординирани, необезбедени, трајни обврзници со фиксна каматна стапка од шест проценти за првите пет години од датумот на издавање. По тој период стапката ќе се зголемува за два п.п. и треба да изнесува до осум проценти на годишно ниво. За плаќање каматата ќе доспева два пати годишно.

    Во една серија ќе се издадат 2.500 обврзници со апоенска структура од илјада евра. Со номинална вредност од илјада евра во денарска противвредност.

    За целта поради која се издаваат, од Уни банка наведуват дека тоа се прави за општи корпоративни цели, односно за поддршка на кредитниот раст.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично