ПОВЕЌЕ

    УНИ банка со нова емисија перпетуални обврзници од пет милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Четвртата емисија перпетуални обврзници, која по пат на приватна понуда ќе ја издаде УНИ банка, доби одобрение од Комисијата за хартии од вредност. На инвеститорите им се нудат пет илјади обврзници од по илјада евра, кои обезбедуваат фикасна каматна стапка од шест проценти. Средствата ќе се користат за општи корпоративни цели.

    Во информацијата од КХВ е наведено дека вкупната номинална вредност на емисијата е пет милиони евра, а во денарска противвредност – 308.180.000 денари. „Издадениот капитален инструмент-перпетуална обврзница ќе се користи како додатен основен капитал од ниво 1, а средствата од емисијата ќе се користат за општи корпоративни цели односно за поддршка на кредитниот пораст.

    Притоа, утврдено е полугодишна исплата на каматата за имателите на обврзницата. Шест месеци од датумот на издавањето и потоа, на самиот датум кога е издадена обврзницата. Каматата ќе се преметува во евра, а ќе се исплаќа во денари согласно средниот курс на Народната банка, што ќе биде важечки на денот на исплатата.

    Обврзниците не се гарантирани, односно не се покриени со друг вид обезбедување. Овие хартии од вредност се некумулативни, неконвертибилни, преносливи, субординирани, необезбедени и трајни.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично