ПОВЕЌЕ

    Уни банка: Приливите од камати со удел од 65 проценти во вкупните приходи

    Време зa читање: 2 минути

    Позитивни се финансиските резултати на Уни Банка од работењето во трите годинешни тримесечја. Кај приходите има раст од 11,7 проценти, а најголемиот придонес е на сегментот камати, кој е најзначаен елемент од аспект на банкарските приливи, со удел од 65 отсто.

    Тоа, според Банката, произлегува од подобрената понудата со нови атрактивни продукти, вклучително и од областа на платните сервиси.

    На последниот ден од септември кај вкупните приходи е забележан износ од 1.595.5 милиони денари. Од пресметаните и наплатени камати се слеале 335.1 милион денари. Приходите по оваа основа се повисоки за 25.8 насто во однос на истиот лански период. Анализите покажуваат дека од Уни Банка повеќе се ориентирани кон кредитирање на населението. Нето кредитното портфолио на население бележи раст од 1,2 насто во однос на планот и 1,9 проценти во однос на 31 декември 2022 година.

    Освен тоа, раст е забележан и кај приходите што ги носи наплатата на провизии за дадените услуги – од 5.5 проценти, што според појаснувањето од Банката е „резултат од растечкиот тренд на дигитализација во користењето на банкарските услуги и продукти и привлекувањето нови клиенти“.

    Од друга страна, расходите се зголемиле за 6.7 насто и се во износ од 1.260,4 милиони денари.

    Исто така, во финансискиот извештај на Уни банка е наведено дека преземените средства по ненаплатени побарувања се зголемени во однос на крајот од минатата година, преку преземање имоти во вредност од 53 милиони денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично