Имателите на перпетуални обврзници на 30 август ќе ја добијат полугодишната камата, информира Универзалната инвестициона банка АД Скопје. Исплатата ќе се врши по каматна стапка од пет проценти на годишно ниво, а се однесува на перпетуални обврзници од втората емисија со ИСИН MKBLBA200029 и шифра UNIPO2.
Право на исплата на камата имаат лицата регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 29 август.
Од УНИ Банка известуваа дека тргувањето со обврзниците на 25 и на 29 август ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 178 и 182 денови соодветно, а купувачот при порамнувањето на 30 и 31 август ќе треба да му го уплати на продавачот износот на чистата цена плус акумулираната камата. Притоа, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 30 и 31 август, соодветно, и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата.