ПОВЕЌЕ

    УНИ Банка ја стартува годината со добивка од 36,6 милиони денари

    Време зa читање: 3 минути

    УНИ Банка оствари добивка од 36,6 милиони денари во првите три месеци од годината, што е намалување во однос на истиот период минатата година кога банката имала добивка од 48,8 милиони денари, покажуваат неревидираните податоци на успех на банката објавени преку Македонска берза.

    Во првиот квартал од 2021 година, УНИ Банка АД Скопје успеа да оствари позитивни финансиски резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со нови атрактивни продукти од областа на платните сервиси. И во овој период Банката продолжи со имплементација на нови технологии со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како побезбедни, поевтини и поедностави начини на извршување на банкарските трансакции.

    Повеќе од една година УНИ Банка се справува со предизвиците наметнати од здравствено економската криза предизвиката од пандемијата COVID-19 која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија. Во такви услови основна цел на Банката беше да ја зачува високата ликвидност и солвентност, да го задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди како и да обезбеди финансиска подршка на клиентите, притоа залагајќи се максимално за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедноста на вработените.

    Остварените вкупни приходи од работење во првиот квартал од  2021 година изнесуваат 388,5 милиони денари  и во однос на минатата година бележат намалување  од  2.73%.

    Најголем придонес во остварувањето на  позитивен финансиски резултат во износ од 37 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

    Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 66.7% имаат приходи од камати, кои во споредба со 2020 година се намалени за 9.72%, а  анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население. Во вкупните приходи од дејноста на банката, особено треба да се истакне значајниот пораст на приходите од провизии од 22%,  како резултат на растечкиот тренд на дигитализација во користењето на банкарските услуги и продукти.

    Остварени расходи

    Остварените расходи во првиот квартал од 2021 година изнесуваат 351,9 милиони денари и бележат минимално зголемување од 0.4% во однос на истиот период од  2020 година. Одржувањето на расходите на нивото од претходната година се должи  пред се на оптимизација на административните расходи од една страна и зголемување на износот на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити од друга страна.

    Исплатени дивиденди

     Во првиот квартал од 2021 година, банката нема исплатено дивиденди.

    Вложувања или продажба на материјални средства

    Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања се намалени за 2.3% во однос на 31.12.2020.

    Обврски по кредити

    Обврските по кредити во првиот квартал од 2021 година се намалени  за 7.6% во однос на  31.12.2020 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично