ПОВЕЌЕ

    Унгарскиот кредит достапен до Нова година – Условите за компаниите ќе ги договара Развојната банка

    Време зa читање: 2 минути

    Парите од унгарскиот кредит државата ќе ги добие идната недела, а за бизнис секторот ќе бидат достапни пред крајот на годинава. Процесот ќе се одвива преку Развојната банка, која освен што ќе ги пласира парите кај комерцијалните банки, ќе посредува и за уловите под кои средствата ќе им бидат дадени за користење на компаниите, соопшти на прес-конференција министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

    „Мојата обврска беше да го потпишам кредитот, да ги обезбедам средствата, да ги префрлам на Развојната банка со склучен договор меѓу Министерството и Развојната банка, а понатаму Развојната банка и луѓето вклучени во целата постапка, треба да си ги преземат обврските и да ја продолжат понатамошната комуникација со комерцијалните банки“, рече министерката.

    Што се однесува до тајмингот, вели очекувањата се дека парите ќе бидат да бидат достапни за бизнисите пред Нова година, но сепак, се ќе зависи од институциите.

    „Согласно разговорите што сум ги имала со премиерот, очекувам дека годинава тоа ќе биде, но не би знаела како ќе се одвиваат понатаму работите. Можам да гарантирам за нешто што е во рамки на Министерството за финансии, дали и другите така ќе се ангажираат, не можам да гарантирам и како резултат на тоа не можам да кажам дали би биле. Очекувањата се дека ќе бидат пред Нова година“, изјави Димитриеска-Кочоска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично