ПОВЕЌЕ

    УНГАРИЈА ВРТИ НОВА СТРАНИЦА, потпишан петгодишен договор за снабдување со гас со американската компанија Шеврон

    Време зa читање: 2 минути

    Американскиот енергетски гигант Шеврон и унгарската државна енергетска компанија МВМ потпишаа договор кој предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-министер за енергетика на САД, Џејмс Данли.

    Сијарто го поздрави новото „златно доба“ во соработката меѓу двете земји.

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец, на средбата со рускиот претседател Владимир Путин, вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на Европската унија да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.

    Во последните неколку месеци, МВМ потпиша договори со британски Шел, француски Енџи и азербејџански Сокар.

    Благодарение на договорот со Шеврон, тие аранжмани треба да ѝ овозможат на Унгарија да увезува 1,4 милијарди кубни метри гас годишно од неруски извори.

    РУСИЈА И НАТАМУ ГЛАВЕН СНАБДУВАЧ НА УНГАРИЈА СО ГАС

    Сепак, 15-годишниот договор на Унгарија со рускиот Газпром предвидува испорака на 4,5 милијарди кубни метри гас годишно до 2036 година, исклучувајќи ги другите договори за снабдување потпишани во последните години.

    Сијарто претходно изјави дека седум милијарди кубни метри руски гас пристигнале во Унгарија до крајот на ноември. Минатата година, Унгарија потроши околу 8,5 милијарди кубни метри гас, пишува српски Информер.

    (Фото:TaurusEmerald – Own work, CC BY-SA 4.0)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично