Протоците на рускиот гас кон Европа преку транзитната точка во Украина денес пресушија, откако Киев објави дека напредува на бојното поле против Русија, што може да сигнализира промена ситуацијата во војната. Украина остана главна рута за рускиот гас до Европа дури и по инвазијата на 24 февруари.
Барањата за транзит на руски гас за 11 мај преку пунктот Сокранивка паднаа на нула, покажаа податоците од операторот рано утринава. Рускиот гас, клучен извор на енергија за Германија и многу други економии на ЕУ, продолжи непречено да тече низ цевководите низ Украина откако претседателот Владимир Путин им нареди на трупите да извршат инвазија во февруари.
Но, во изјавата доцна во вторникот, украинскиот систем за пренос на гас рече дека одлучил да ги прекине операциите на главната транзитна точка поради „мешање на окупаторските сили“. Мерната станица Сокранивка обработува дури 32,6 милиони кубни метри дневно, или околу една третина од рускиот гас што тече преку Украина во Европа, рече операторот.
Се вели дека руското мешање, вклучително и неовластено пренасочување на гасот, ја „загрозило стабилноста и безбедноста“ на системот. Украина рече дека количините на гас може да се префрлат во транзитната точка Суџа позападно на територијата што ја контролира.
Руската државна компанија за гас, Газпром, во соопштение рече дека таквата реконфигурација би била „технички невозможна“, додавајќи дека не гледа причина за прекинот.
„Транзитот преку Сокранивка беше обезбеден во целост, немаше поплаки од договорните страни и нема“, се вели во соопштението објавено на нивниот официјален канал Телеграма. „Гаспром целосно ги исполнува сите свои обврски кон европските потрошувачи, испорачува гас за транзит во согласност со договорот и договорот за оператор, транзитните услуги се целосно платени.
Во одвоено соопштение објавено од Ројтерс, Гаспром рече дека обемот испорачан во Европа преку Украина во средата е намален за околу 25 отсто од нивото од вторникот.