ПОВЕЌЕ

    УЈП АЛАРМИРА: Поднесени само 1.831 ДДВ пријава, рокот истекува во среда

    Време зa читање: < 1 минутa

    Од вкупно 7.397 очекувани ДДВ-04 пријави, до Управата за јавни приходи се доставени само 1.831, или 24,75 проценти. Рокот за исполнување на оваа обврска истекува во среда, 25 декември, алармираат од УЈП – „Остануваат уште 5.566 ДДВ-04 пријави кои треба да се поднесат во преостанатите два дена“.

    Најголем дел од поднесените пријави се забележани во РД Тетово, додека најмалиот процент е регистриран во РД Битола, покажуваат податоците со кои располага Управата.

    „Не го одложувајте процесот!“, апелираат даночниците, потсетувајќи дека со навремената достава се избегнува непотребниот стрес и санкциите што следат.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично