Во Хрватска вчера, по неколкугодишно постоење ненадејно пропадна пирамидална платформа, оставајќи илјадници Хрвати во загуби тешки по неколку илјади евра, а некои останаа без своите животни заштеди, објавија хрватските медиуми. Имено, платформата XUEX за инвестирање во криптовалути, која ѝ припаѓа на EG Investment Group, пропадна. Истата платформа пропадна во петокот навечер во Србија, а минатата недела и во Албанија.
Во последните месеци, Xuex експлодираше и сите зборуваа колку е лесно да се заработат пари тргувајќи со криптовалути преку таа платформа. Плаќањата се вршеа од 1.000 евра па нагоре, под услов да е инсталирана апликацијата Xuex, да се отвори сметка во Telegram и лицето да има банкарска картичка Revolut.
Потоа сè беше едноставно, односно оние што ќе се придружеа требало само да следат во текот на денот кога ќе добијат сигнал на апликацијата и ќе го потврдат. Секој имаше два сигнала на ден, а ако вклучите повеќе луѓе, ќе добиете дополнителни сигнали. Со секоја потврда на сигналот, вашата сметка на апликацијата растеше, па за околу еден месец ќе ги дуплиравте средствата на апликацијата. Тоа траеше до петок, околу 17 часот, кога Xuex пропадна. Според информациите од граѓани кои претходно се придружија на Xuex, многу од нив веќе ги исплатиле своите пари, но многумина дозволиле износот да расте, сметајќи на зголемените дневни приходи.
Парите им беа исплатувани на оние кои први ќе влезат во играта, обично по еден или два месеца. Човекот кој инвестирал 1.000 евра и подигнал 1.500 евра за два месеци е пресреќен, верува дека ова е доказ дека платформата е веродостојна, па затоа го споделува своето искуство со своето семејство и пријатели. Довербата дополнително се гради преку снимки од екранот на плаќања и подигнувања што циркулираат во групи на Телеграм.
Имаше и важен бонус – за секој донесен нов член, добивате дополнителни бенефиции, па затоа е во ваш интерес да привлечете што е можно повеќе луѓе. Среќни сте затоа што си правите добро себеси и на вашите соседи.
КАКО ПОЧНА КОЛАПСОТ?
Илјадници Хрвати инвестираа пари бидејќи платформата која им ветуваше брза и лесна заработка. Мораа да чекаат само околу 50 дена. „Луѓето испраќаа скриншотови од екранот, им ја покажуваа својата апликација на другите, видоа дека нивните средства постојано растат, објаснуваа дека со што и да влезете во рок од 55 дена, имате двојно повеќе. Ако влезете со 1.000 долари, добивате 2.000 долари. Шемата функционираше така, постојано наградуваа, колку повеќе луѓе донесете, толку е поголема наградата“, објасни Миљенко Шварцмајер, асистент во FERIT во Осиек.
Тие комуницираа преку платформата Телеграм во групи каде што ги испраќаа своите добивки. Кога организаторот се јавил завчеравечер дека ревизијата го блокирала тргувањето на платформата, им ветил на луѓето дека ќе се префрлат на друга платформа каде што им ветил дека мора да инвестираат повеќе, 10.000 долари, и им нуди бонус од 50 проценти, додаде Шварцмаер.
Кога платформата ќе пропадне, таа не го признава тоа. На своите корисници платформата XUEX им соопштила дека, поради надзорот на финансиски институции од вчера корисниците не можат да ги повлечат инвестираните пари. Причината за надзорот наводно биле некои други лажни инвестициски платформи, па XUEX сега е во незгодна ситуација поради нив.
По колапсот, Лео Смит, еден од лидерите на платформата, изјави дека нивните чекови ќе траат десет месеци и дека до август следната година, членовите нема да можат да ги добијат своите пари. Тој исто така ги покани сите да се приклучат на неговиот нов финансиски проект дотогаш, со кој ќе им исплатат на сите постоечки членови на Xuex 50% од уплатените средства.
XUEX вели дека нема причина за загриженост бидејќи тие не направиле ништо нелегално, па сè ќе било во ред по надзорот. Тоа лажно објаснување веќе ги утеши некои инвеститори.
КЛАСИЧНА „ПОНЗИ ШЕМА“
Експертите предупредуваат – ова е класична Понзи (пирамидална) измама. Организаторот привлекува инвеститори со ветување за брза и лесна заработка.
„Она што се обидуваат да го направат е да го добијат првиот сет луѓе кои ќе се приклучат на шемата и кои ќе инвестираат пари“, вели Златан Мориќ, раководител на одделот за сајбер безбедност на Универзитетот Алгебра Бернајс. Оние кои влегуваат на почетокот и заработуваат нешто – за да можат организаторите да докажат дека тоа е легитимна работа.
„Кога првата група луѓе почнува да остварува некаков профит, тогаш ја шират приказната со своите контакти, односно луѓе што ги познаваат, па од секој јазол па натаму имаме нови… сè додека работи геометриската прогресија и додека новите привлекуваат повеќе нови, имате доволно средства за плаќање“, вели Мориќ, „бидејќи новите плаќања се користат за плаќање на оние што се приклучиле порано. Кога приливот почнува да опаѓа – се прогласува банкрот, а луѓето остануваат без пари, а подоцна тие често се јавуваат кај жртвите со желба да им помогнат да ги вратат парите. Но, тоа е исто така измама.
Патем, целата шема беше доста убедлива, но не и непозната во светот. На пример, истата неодамна беше видена во Албанија, каде што илјадници луѓе беа измамени. Оние што добија пари во групата објавија снимки од екранот од своите добивки, награди во форма на плаќање сметки во ресторани и слично, сè со цел да се прошири гласот за платформата што цветаше сè додека не експлодираше.
„Убаво беше додека траеше, а знаевме дека нема да трае долго“, изјави за sib.hr еден член на оваа платформа кој успеа да заработи пари, додека други се тешеа дека никој не ги принуди да инвестираат, што можеше да биде од 1.000 до максимум 10.000 евра. За поголеми инвестиции, за сè да изгледа што е можно поубедливо, мораше да се бараат посебни одобренија од организаторите.
За овој случај започнува кривична истрага. Полицијата постојано повторува – не постои такво нешто како брзи пари на легален начин.
(Фото: sib.hr)