Твитер го суспендира профилот на Доналд Трамп Џуниор за 12 часа, откако синот на претседателот сподели видео во кое се прикажани лекарите кои се залагаат за хидроксихлорокин како третман на Ковид19. Имаше првична надеж дека лекот против маларија може да помогне во лекувањето на пациенти со КОВИД-19, но Управата за храна и лекови неодамна предупредуваше против неговата употреба кај пациенти со КОВИД-19 заради здравствени ризици.
Твитер соопшти дека тоа ќе ги ограничи карактеристиките на Твитер акаунтот на синот на Трамп, што значи дека нема да може да испраќа твитови, да ретвитува постови, да ги следи корисниците, и да испраќа пораки.