Социјалната мрежа Твитер минатата година прокнижи раст на приходите за 7 проценти во споредба со претходната година, достигнувајќи 3,72 милијарди долари.
Твитер го објави својот биланс на состојба за четвртиот квартал на 2020 година.
Според податоците од четвртиот квартал, приходите на компанијата од минатата година се зголемени за 28 проценти во споредба со истиот период лани, достигнувајќи 1,29 милијарди долари.
Компанијата оствари приходи од една милијарда долари во четвртиот квартал на 2019 година, додека приходите за целата 2019 година изнесуваат 3,45 милијарди долари.
Профитот на Твитер во последниот квартал од 2020 година се зголеми за фантастични 87 проценти во споредба со истиот период од минатата година и достигна 222 милиони долари.
Добивката на Твитер во последниот квартал на 2019 година беше 118,7 милиони долари.
Твитер забележа загуба од 1,14 милијарди долари на ниво на целата 2020 година, а компанијата оствари профит од 1,47 милијарди долари во 2019 година.
Бројот на дневни активни корисници на Твитер во четвртиот квартал од минатата година се зголеми за 27 проценти во споредба со истиот период минатата година, достигнувајќи 192 милиони.