Твитер ја купи Squad, апликација што ви овозможува да се дружите со пријателите преку видео разговор и споделување екран, објави компанијата во петокот. Squad носи разбирање за тоа како луѓето учествуваат во интерактивни аудио и видео разговори.
Видео разговор и споделување екран ќе бидат возможни
Твитер истражува начини на кои луѓето можат да се поврзат надвор од стандардниот твит, за што сведочи неодамнешното глобално лансирање на ephemeral Fleets и најавата за простории за разговор слични на Clubhouse. Не е тешко да се замисли Twitter потенцијално да гради виртуелни социјални простори, како што понуди Squad.
Преземањето на Squad од страна на Twitter е исто така придружено со најава дека компанијата може да го затвори својот сервис за пренос во живо на Periscope.
Апликацијата Squad ќе биде затворена во сабота, на 12 декември, се вели во пораката на веб-страницата на „Squad. Луѓето кои во моментот го користат веќе се известени, изјави портпаролот на Твитер за The Verge.