ПОВЕЌЕ

    Твитер и Фејсбук го блокираа, па Трамп сега лансира своја социјална мрежа

    Време зa читање: < 1 минутa

    Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, суспендиран од социјалните мрежи Твитер и Фејсбук, откако демонстрантите ја нападнаа зградата на Конгресот на 6 јануари, планира да отвори своја социјална социјална платформа за два до три месеци, изјави еден од неговите високи советници за Фокс њуз.

    Џејсон Милер, портпарол на кампањата на Трамп во 2020 година, за ТВ-мрежата изјави дека Трамп повторно ќе влезе во просторот на социјалните медиуми со нова своја платформа, за која рече дека „целосно ќе ја редефинира играта“.

    Милер не даде други детали, а официјални лица на организацијата Трамп не ги коментираа овие тврдења.

    Твитер минатата недела соопшти дека ја разгледува својата политика за блокирање и размислува дали политичките лидери треба да се придржуваат до истите правила како и другите корисници.

    Фејсбук, кој го суспендираше Трамп на неодредено време во јануари, побара од неговиот независен надзорен одбор да одлучи дали забраната треба да биде трајна.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично