ПОВЕЌЕ

    Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ објави нето загуба од 2,23 милијарди турски лири (315,9 милиони американски долари)

    Време зa читање: 2 минути

    Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ објави нето загуба од 2,23 милијарди турски лири (315,9 милиони американски долари) за вториот квартал од годинава, во кој влијанието на епидемијата на коронавирус започна да се одразува во деловните резултати.

    Оваа загуба е над проекцијата на компанијата за загуба од 2,13 милијарди ТЛ.

    Продажбата на оваа авиокомпанија во вториот квартал се намалила за 67 проценти во однос на истиот период лани, додека вкупната продажба во првото полувреме изнесувала 21,5 милијарди лири, пишува турски „Дејли Сабах“.

    Поради пандемијата, авиокомпанијата ги прекина домашните и меѓународните летови во април и мај и постепено ги продолжи летовите на почетокот на јуни.

    Компанијата, која е највредниот турски бренд, во истиот период минатата година забележа нето добивка од 133 милиони лири, а со најновите податоци, годинашната нето загуба се зголеми на 4,26 милијарди лири, што покажува колку негативно влијаеле ограничувањата поврзани со коронавирусот за воздушен сообраќај.

    Во второто тримесечје, приходите од карго превозот, во меѓувреме, се зголемија за 90 проценти во текот на една година. Приходите од патниците и техничките приходи се намалени за 96% односно 61 процент, додека консолидираниот обрт врз основа на американскиот долар паднал за 72 проценти , а врз основа на турската лира за 67 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично