ПОВЕЌЕ

    Турската лира потона на рекордно ниско ниво во однос на доларот

    Време зa читање: 2 минути

    Турската лира падна на рекордно ниска вредност од 8,15 лири на еден американски долар, поради загриженоста на инвеститорите од тоа колку Турската економија е погодена од коронавирусот, но и конфликтот кој го има со сојузниците на НАТО.

    Аналитичарите го припишуваат слабеењето на лирата на загриженоста на инвеститорите во врска со турската инфлација минатиот месец. Зголемувањето на основната каматна стапка може да ја намали инфлацијата и да ги охрабри инвеститорите да ја купат лирата, но централната банка не ја зголеми.

    Покрај тоа, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не е во добри односи ниту со Франција ниту со Соединетите држави, што влијае на загриженоста на инвеститорите и купувањето на лирата.

    „Растечките геополитички тензии со САД и ЕУ се нови извори на притисок што ја ослабуваат лирата“, изјави турски трговец со девизи.

    Аналитичарот на „Рабобанк“, Пјотр Метис, рече дека постои загриженост и доколку Џо Бајден победи на претседателските избори, може да се воведат строги санкции кон Турција во врска со купувањето на рускиот одбранбен систем С-400.

    Лирата изгуби 26 проценти од својата вредност оваа година, а турската влада потроши околу 134 милијарди долари во изминатите 18 месеци за одржување на својата валута.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично