Турција има најголема загуба во девизните резерви од почетокот на оваа година, загуби 4,8 милијарди американски долари за само една недела.
Ова се смета за голем трошок од обидот да се зачува вредноста на домашната валута.
Централната банка на Турција соопшти дека загубата настанала за седум дена до 13 мај, пренесува Klix.ba.
Вкупните резерви на Турција, вклучувајќи ги и резервите на злато, се најниски во последните десет месеци и изнесуваат 61,2 милијарди долари.
И покрај тоа што државните банки повремено интервенираат на девизните пазари, лирата има најниска вредност во однос на доларот.
Само од почетокот на годината загуби 16 отсто од вредноста во однос на вредноста на американската валута.
Државните банки не ги коментираа нивните интервенции, но поранешниот гувернер на Централната банка во 2020 година изјави дека интервенциите биле во согласност со законот.
Американскиот бизнис портал Блумберг пишува дека намалувањето на резервите е клучен извор на ранливост на турската економија.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека во 2019 и 2020 година се потрошени 165 милијарди долари за стабилизирање на домашната валута.
Според Блумберг, оваа мерка значително пропаднала, па централната банка конечно била принудена да ги зголеми каматните стапки.