Периодот на одложена отплата на месечните кредитни обврски на клиентите – физички лица согласно Јавната понуда на ТТК Банка АД Скопје за промена на договорните услови за кредитни производи за клиенти- физички лица од 1.4.2020 година завршува заклучно со 30.9.2020 година.
Поради продолжувањето на несаканите ефекти на пандемијата предизвикана од Covid-19 вирусот, а со цел да излезе во пресрет на своите клиенти – физички лица за полесно надминување на негативните последици, ТТК Банка АД Скопје повторно овозможува одложување на плаќањето на кредитните обврски за сите кредитни прозводи за период од дополнителни 6 месеци под истите услови, најдоцна до 31.3.2021 година.
Можноста за одложување на плаќањето се однесува на физички лица, кредитокорисници во ТТК Банка АД Скопје, кои имаат активни кредити, кредитни картички и/или дозволено пречекорување на трансакциска сметка и кои на 29.02.2020 година се класифицирани во категорија на ризик А, Б или В, и немаат статус на нефункционална кредитна изложеност, како и на кредитокорисници во ТТК Банка АД Скопје кои имаат кредитна изложеност која што е одобрена во период од 1.3.2020 до 24.3.2020 година, кои се финансиски погодени од пандемијата на COVID-19, кои имаат неопходна потреба од истото и исполнуваат најмалку еден од следните критериуми:
- намалени месечни примања над 10% во периодот на ковид-кризата споредено со месеците пред ковид-кризата;
- отсуство или нередовни месечни примања во периодот на ковид-кризата;
- престанок на работен однос во периодот на ковид-кризата;
- зголемени трошоци за лекување предизвикани од ковид-кризата:
- најмалку една од горенаведените причини која се однесува на поврзаното/ите лица со кредитокорисникот и/или на ко-кредитобарател/ите.
Клиентите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми можат да ја прифатат Јавната понуда преку веб страницата на Банката во рок од 10 дена од датумот на објава на понудата, а најдоцна до 14.9.2020 година.
Клиентите кои во овој рок нема да ја прифатат понудата ќе продолжат со редовна отплата на своите обврски.
Банката понуди можност за електронско или писмено известување за прифаќање на понудата.
Електронското прифаќање на понудата за клиентите со примања во ТТК Банка ќе биде брзо, ефикасно, без потреба за присуство и доставување на дополнителна документација што е особено значајно во актуeлните услови. При прифаќањето на понудата преку електронско известување за одредени клиенти кои не се опфатени во евиденцијата на Банката дека исполнуваат некој од утврдените критериуми Банката ќе го извести клиентот преку е-маил или смс порака за задолжително приложување на соодветна документација како доказ за исполнување на некој од критериумите.
При прифаќање на понудата преку писмено известување задолжително е клиентот да достави Известување за прифаќање на Јавната понуда и соодветна документација како доказ за исполнување на некој од критериумите.
Линкот за електронско известување како и образецот за писмено известување за прифаќање на понудата се достапни на интернет страницата на Банката.
Корисниците кои ќе ја прифатат понудата можат да продолжат со редовна отплата на обврските за кредитни производи и пред истекот на периодот од предложените 6 месеци врз основа на доставено барање до Банката по електронски пат на следната е-маил адреса: [email protected]