Евгенија Трпкоска е именувана за член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје. Одлуката е донесена на акционерското собрание, а за именувањето е добиено решение од Гувернерот на Народната банка, со што е дадена претходна согласност.
За измените во органите на управување ТТК Банка информира преку Македонска берза.
Трпкоска последнава деценија е помошник на генералниот директор за комерцијални работи во Тетекс АД – Тетово, каде што е вработена од 1977 година.